Уште еден пеач е позитивен: Вирусов воопшто не е шала и лага, толку ќе ви кажам

Денес некои портали ја пренесоа веста дека Огнен е позитивен на новиот корона вирус. Тој на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од болница се огласи и ги потврди пишувањата на домашните медиуми.

„Луѓе, до сите што ме прашувате… “НЕ Е ЛАГА ТОА ШТО ГО ЧИТАТЕ НА ПОРТАЛИТЕ”… Позитивен сум на “Covid 19” – Корона Вирус.. Засега фала му и Слава на Бога се е океј, со ваша помош ќе ја освојам оваа битка..!

Се надевам ви се допаѓа новата песна и спот “Љуби ме”. Ако е така споделете на вашите социјални мрежи.. Носете маски, држете дистанца и чувајте се!!! Се гледаме наскоро во поубави времиња!!!

Луѓе фала ви на сите што ми пишавте и што се грижите.. Во стабилна состоја сум, фала му на Бога, добар сум и ќе бидам уште подобар…

Вирусов воопшто не е шала и лага, толку ќе ви кажам… Носете маски, држете дистанца и чувајте се, за ова да заврши што побргу… напиша Огнен на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно