Менекенка од Австралија се разбудила за време на операција на мозокот

Австралиската манекенка Емили Сирс (35) доживеала вистинска драма кога лекарите ја разбудиле од анестезија во текот на тешката операција на мозокот.

Имено, откако таа доживеала напад минатата година, откриено е дека убавата манекенка има абнормален сплет на крвни садови во мозокот.

Потоа, таа добила терапија по бројни анализи за да ја држи својата болест под контрола, но откако продолжиле нападите, била закажана операција.

Поради пандемијата на коронавирус, целиот процес бил запрен, а операцијата морала да се одложи, но манекенката конечно беше оперирана минатата недела.

Операцијата била тешка и траела дури 5 часа, а бидејќи крвните садови се наоѓаат веднаш до центарот за говор, лекарите ја разбудиле Сирс од анестезија за да зборува додека и ја отстрануваат масата, за да се уверат дека нема да и наштетат.

Операцијата завршила успешно, а манекенката сега полека се опоравува во болницата.

Коментари

Популарно