Ова е Џорџ и докторката Мари Еид. Џорџ се роди во болницата St. George University во Бејрут, веднаш по големата експлозија.
Болницата е сместена на неколку километри од пристаништето на кое настана експлозијата. Џорџ и неговата мајка Емануеле се добро, за среќа породувањето поминало успешно и покрај тоа што целата опрема во болницата била уништена.
Нејзиниот сопруг го снимил видеото и моментот на експлозијата и помогнал за породувањето. Секоја чест на докторите кои го ставиле животот на бебето и мајката пред сопствениот, без да знаат што точно се случува надвор.