Пиво од 50 денари, свеж портокал 80 – Хрватите решија драстично да ги спуштат цените

Aко изминатите години Хрватска важеше за една од поскапите туристички земји, а фотографиите со фискални сметки на туристите го изненадија регионот поради високите цени, здравствената криза го промени тоа. Се изненадиле од цените во Дубровник, за пица, два сока и кафе платиле помалку од 10 евра

Репортерите на „Глас Истре“ пишуваат дека ја пронашле најевтината плажа на јадранското приморје годинава. Станува збор за плажата Дуга Увала на источната обала на Истра.

За да ги привлечат гостите во оваа тешка сезона, менаџментот на хотелот кој се наоѓа во близина на плажата, решил годинава да понуди доста попристапно мени. Топка сладолед кошта 40 денари, што за хрватското приморје е премија. За мало пиво треба да одвоите 50 денари, а за големо 80. И соковите се продаваат колку и сладоледот, а свежо цедените сокови и палачинките, пак, 80 денари.

Порција свежи сардини тука чини само 170 денари, а најдобриот дел од сè, според хрватските репортери, е што бесплатно е користењето на голема трамполина.

Коментари

Популарно