Видео: Ќе ве стопи – Девојка со Даунов синдром запеа со Петар Грашо на концерт во Примоштен

Далматински портал извести за оваа убава вест.

ПЕТАР ГРАШО одржа концерт во Примоштен и го исполни сонот на Ана Јозиќ, девојка која неуморно вежба на работилници за музика и танцување во здружението „Даунов синдром 21“.

Придружувана од нејзината мајка, Ана пристигна на долгоочекуваниот концерт и уживаше во хитовите на Грашо. Во еден момент се искачи на сцената и ја пееше песната Фритула со него.

Патем, здружението „Даунов синдром 21“ редовно работи со деца со музички терапевт со кои Ана редовно посетува одделни часови. Далматинскиот портал пишува дека музиката многу им помогнала на членовите на здружението и дека некои штитеници научиле да зборуваат благодарение на музиката.

Коментари

Популарно