ОТКАКО НАПРАВИ БУРА - Димитар Апасиев се спореди со Фидел Кастро, најавува дека нема да коалицира со партии што имале дамки

Се споредува ли Димитар Апасиев со Фидел Кастро.

Денеска се јави со нов пост на фејсбук, во кој кажува став на починатиот кубански револуционер - дека не треба да се коалицира со партии кои имаат дамки во своето работење, бидејќи тоа ја разводенува идеологијата.

Значи ли ова дека Апасиев најавува дека нема да влезе во коалиција со ниту една од партиите кои преговараат да формираат влада, со што всушност двата пратеника на Левица ќе делуваат како опозиција.

Еве што напиша Апасиев. 

„Првата политичка партија во која учествувал Фидел Кастро е партијата „ОРТОДОКСО“. Во 1948 година Партијата освоила само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. 

Ставот на младиот Фидел бил: „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! Коалицирањето ќе ја разводни идеологијата. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“ 

p.s. Случајност!? Не би рекол“, пишува утрово Апасиев на фејсбук.

Ова следува откако во саботата вечерта Апасиев ги разбранува духовите со тоа што ја опцу вицепремиерката Радмила Шекеринска, што предизвика бура во јавноста. 

Се досега, од Шекеринска нема реакција на овој пост кој беше осуден од многумина, а тој и денеска нема ништо да каже на таа тема. 

Коментари

Популарно