Али Ахмети ги покани Касами, Села, Гаши и Тачи на заедничка средба

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, ги покани на заедничка средба лидерите на Алтернатива, БЕСА, Алијанса за Албанците и ДПА - Африм Гаши, Билал Касами, Зијадин Села и Мендух Тачи.

„По предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година, чест ми е што ве поканувам на заедничка средба на иста маса како лидери на албанските парламентарни партии. Ве поканувам на денот на годишнината од Охридскиот рамковен договор, четврток, на 13.08.2020, со почеток во 12:00 часот, во хотелот Парк во Скопје“, напиша Ахмети на Фејсбук.

ДУИ има 15 пратеници во Собранието, најмногу од суте други останати партии кои го застапуваат албанскиот блок. Според роковите, има уште пет дена можност некој од лидерите да побара мандат за составување на Влада.

  

Коментари

Популарно