(Фото) Владимир Путин: Ја направивме првата вакцина против вирусот! И ќерка ми ја тестираше!

Претседателот на Русија, Владимир Путин објави дека во Русија е направена првата вакцина против опасниот вирус.

„Колку што знам, утринава, првпат во светот, е регистрирана вакцина против вирусот“, кажа Путин на состанокот со членовите на Владата.

Путин кажа дека знае за вакцината која е ефикасна, па формира стабилен имунитет и ги минала сите неопходни проверки.

„Се надевам дека во најскоро време ќе може да почнеме масовно производство и тоа е најважно. Масовно производство на овој лек. Така сите кои го сакаат тоа, треба да го направат доброволно, за што зборував повеќе пати, сите може да го искористат развојот и достигнувањата на нашите експерти“, кажа Путин.

Коментари

Популарно