Љупчо Николовски: Јас и Заев се откажуваме од патните трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на својот профил на Фејсбук објави дека тој и претседателот на владеачката партија Зоран Заев вчера потпишале нотарски изјави со кои и двајцата се откажуваат од исплатата на патните трошоци.

Тој ги повика и останатите пратеници да го следат нивниот пример и да го направат истото.

„Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба. За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци.

Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни“, напиша Николовски.

Сепак, јавноста очекува, доколку СДСМ повторно состави нова Влада, Николовски и Заев да не бидат пратеници во Собранието на РСМ.

Коментари

Популарно