СДСМ ЈАВУВА: Мандатар за состав на новата влада ќе биде Зоран Заев

И утрово соопштение од СДСМ, во кое за разлика од претходните нивни дописи до јавноста, сега тврдат дека нивниот лидер Зоран Заев ќе биде мандатар за состав на новата влада.

Дали значи дека има напредок во преговорите.

„Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев ќе биде мандаторот за состав на новата Влада која ќе ја води државата напред во следните четири години.

Во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Затоа што, успешните политики на СДСМ и Владата која ја предводи се потврдија и на последните парламентарни избори“, пишуваат од СДСМ. .

Граѓаните го одбраа концептот кој ја води државата напред, концептот кој ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат. Кон градење на нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секој.

„Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани. Преку антикризни мерки со цел зачувување на работните места и оддржување на бизнисите во живот, наместо ставање клуч на врата.

Коментари

Популарно