Павле Богоевски: „Левица“ има депозит поголем од 30.000 евра во Еуростандард банка

Поранешниот пратеник Павле Богоевски тврди дека партијата „Левица“ предводена од нејзиниот лидер Димитар Апасиев на својата сметка во Еуростандард банка има повеќе од 30.000 евра кои, како што вели тој, се блокирани, па поради тоа партијата која освои два мандати на последните парламентарни избори шири паника во јавноста.

Во моментов депозитите во Еуростандард кај штедачите се осигурани само до 30.000 евра, а според еден од поранешните водачи на „Шарената револуција“, Левица има повеќе пари од таа сума и смета дека останатиот дел им е загрозен со одземањето на лиценцата на банката.

„Извесно е дека правното лице Политичка партија Левица има депозит поголем од 30.000ЕУР во Еуростандард Банка. Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка.

Многу ми е криво што ќе му заглават парите на димче ама нели левица беше партија од народот за народот на која не и' требаат тешко заработените пари на граѓаните???“, напиша Богоевски во дел од својот статус на Фејсбук.

Според него, овој депозит се парите кои државата им ги дели предизборно на политичките партии како помош за политичката кампања.

Коментари

Популарно