Која е главната ПРИЧИНА за орален однос кај жената, а која кај мажите?

Ако некој би ве прашал зошто луѓето сакаат орален секс, веројатно би одговориле: Па, затоа што тоа им причинува задоволство. Но, тоа е само еден дел од приказната и научниците го поврзаа оралниот секс со еволуцијата во две контроверзни студии.

Тие исто така тврдат дека жените и мажите имаат различни мотиви за орален секс. Во студијата објавена во научното списание „Journal of Reproductive Immunology“, мотивот за орален секс кај жените е природен, создаден за време на илјадници години на еволуција.

Имено, овде е наведено дека воведувањето машки ДНК во дигестивниот систем, преку голтање на спермата, им овозможува на жените да се навикнат на машката ДНК и полесно да толерираат ДНК на фетусот, а не да го отфрлаат како туѓо тело.

Голем број коментари беа предизвикани од истражувањето објавено во списанието Evolutionary Psychology, во кое се вели дека основниот мотив за мажите да обезбедат орален секс е дека тоа полесно ќе го задоволи партнерот, а со тоа ќе ја намали можноста жената да ги измами.

Коментари

Популарно