Легендарната хрватска пејачка Тереза Кесовија (82) е активна на Инстаграм и речиси секој ден, на радост на своите бројни обожаватели, обjавува по некоја фотографија.
Овој пат ги развеселила објавувајќи фотографии од одморот на кои покажала како се релаксира во морето, но и во базенот испружена на душек-фотеља.
„Од фотелја во фотелја… Ако постои Рај на земјата, тогаш јас сум сега во Рајот“, напишала таа покрај фотографиите, но не открила каде точно се наоѓа; само ставила хаштаг Далмација.