Гостивар: Маж со секира и го одзел животот на сопругата во спалната соба

Маж со секира си ја заклал сопругата. Како што информира МВР, утрово во 6:50 часот 33 годишен маж пријавил дека во спалната од семејната куќа ја пронашол мртва својата 60 годишна мајка Џ.И. 

Од полицијата велат дека осомничен за убиството е 67 годишниот сопруг Б.И.

„Денеска (10 септември) во 6 часот и 50 минути, В.И.(33) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека во спалната соба од семејната куќа ја пронашол усмртена неговата мајка Џ.И.(60).Осомничен дека го извршил убиството е Б.И.(67) сопруг на Џ.И. и татко на пријавителот, кој со остaр предмети ja усмртил.“ – велат од МВР за Сител.

Од полицијата додаваат дека во моментов Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово вршат увид на лице местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Според неофицијалните информации убиецот се уште е во бегство и полицијата трага по него.

Коментари

Популарно