Милијана го остави дедо Милојко, а сега е во врска со позната личност!

Милијана Божиќ отворено зборуваше за тоа во какви односи е во моментов со дедото Милојко Божиќ, со кој беа во брак и во реално шоу поради што се „прославија“ во регионот.

„По излегувањето од вилата, заминав кај него да си ги земам своите работи и се вратив дома. Милојко го сретнав неколку пати во град, тој уште не може да прифати дека не сме заедно и дека ќе се разведеме, но од тоа нема бегање“, кажа Милијана.

Милијана откри дека има ново момче во моментов, кое е позната личност.

„Да, имам ново момче, сите го знаете, доаѓаше тука неколку пати, но нема јавно да го кажам неговото име“, беше таинствена поранешната натпреварувачка во реално шоу.

Коментари

Популарно