(Фото) Федерер со семејството ужива на јахта на познатиот милијардер

Додека неговите колеги моментално се наоѓаат на турнирот УС Опен, Федерер ужива на луксузна јахта во Сан Тропе. Славниот швајцарски тенисер одлучил останатиот дел од тениската сезона да го пропушти за да закрепне од операцијата на коленото.

Швајцарецот моментално се наоѓа на одмор со своето семејство. Со сопругата и децата ужива на јахта од својот пријател, милијардерот Барнар Арно.

Семејството Федерер било ''уловено'' во Сан Тропе. Папараците успеале да направат фотографии од славниот пар додека уживаат на популарната плажа, а на сите вниманието им го привлекол изгледот на госпоѓа Федерер.

Мирка се „преполовила“. Никогаш не била толку многу слаба, својата линија на тело ја довела до совршенство, а од фотографиите јасно може да се види дека изгледа подобро од кога и да е.

Коментари

Популарно