(Видео) Бајден доби удар од природата додека зборуваше за нејзина заштита!

Во текот на говорот за тоа колку е важна заштитата на животната средина, кандидатот на демократите, Џо Бајден ја почуствува „природата“ на своја кожа.

Додека во Америка во исто време има пожари и се закануваат поплави од ураган, Бајден во текот на кампањата ја искористи ситуацијата да го критикува Доналд Трамп поради негирањето на климатските промени и нагласи дека мора нешто да се преземе наскоро.

И токму во тој дел од говорот, почуствува нешто по својот врат, па тргна со раката кон тоа место и го турна инсектот од себе.

„Извинете, тоа беше бубачка, кога сме веќе кај природата“, кажа Бајден.

Коментари

Популарно