(Видео) Бајден доби удар од природата додека зборуваше за нејзина заштита!

Во текот на говорот за тоа колку е важна заштитата на животната средина, кандидатот на демократите, Џо Бајден ја почуствува „природата“ на своја кожа.

Додека во Америка во исто време има пожари и се закануваат поплави од ураган, Бајден во текот на кампањата ја искористи ситуацијата да го критикува Доналд Трамп поради негирањето на климатските промени и нагласи дека мора нешто да се преземе наскоро.

И токму во тој дел од говорот, почуствува нешто по својот врат, па тргна со раката кон тоа место и го турна инсектот од себе.

„Извинете, тоа беше бубачка, кога сме веќе кај природата“, кажа Бајден.

Фото: Лила Филиповска- Се поубава со годините

ТВ водителката Лила Филиповска  е една од најпознатите македонски ТВ лица.

Гледачите популарната водителка последниве години, речиси една деценија, ја препознаваат по најгледаното квиз- шоу кај нас, „Се или нешто“, на ТВ Сител.

 Лила успеа да биде секогаш на висина на задачата, додека пак зборувајќи се физичкиот изглед со текот на годините таа станува се поубава, а тоа го докажува секојдневно и на социјалните мрежи.

Неколку практични совети за тоа како да го препознаете и да го искористите вашиот талент

Како го тестирате вашиот талент? Како оценувате дали е уникатен и вреден? Во суштина, сè започнува кога како дете ќе забележите дека правите нешто побрзо, поубаво или подобро од другите. Кога ќе станете тинејџер, вашиот талент почнува да го занбележува и околината – тоа е кога доаѓа потешкиот дел, бидејќи дружењето и уживањето во талентот не е доволно. Дури и најголемиот талент бара многу работа!

Можеби она што го сакате е спорт – значи, има обуки или наука - тоа подразбира часови дополнително учење. Можеби вашата страст е музиката - со постојани проби, или современа технологија, со која ќе се поминат денови и ноќи на компјутерската тастатура. Едно е сигурно - ако нема напор и посветена работа, вашиот талент ќе остане неостварен.

Така што, може да најдете илјада изговори за да не успеете во она што го сакате. Тренерот ве мразеше, немавте опрема, не ја разбираа вашата музика или немаше струја - затоа компјутерот ве изневери.

Затоа, еве неколку практични совети за вас: сретнете се со пријателите, можеби само пиејќи го вашето омилено кафе да си кажете искрено кој е вашиот талент. Што е тоа што те прави среќен? Што е тоа во тебе што допрва треба да се равива и шири? Бидете искрени едни со други и, што е најважно, не се откажувајте лесно!

Во тој процес, веројатно ќе забележите дека трите генерации со кои обично доаѓаме во контакт за време на нашите животи, честопати не ја делат истата дефиниција за талентот, ниту чекорите преземени кон остварување на соништата. Најстарата генерација е генерацијата на наши родители, кои денес се на крајот од работниот век или се веќе во пензија. Втората генерација е во полна сила, соочена со предизвиците на кариерата и семејството, а третата е на прагот на животот и го започнува своето патување - иднината е пред неа.

Нашите родители сметаа дека успехот е една права линија на животот, со помалку предизвици, но и помалку избор. Тие мораа да ги вклопат своите таленти и соништа во веќе определените категории на професиите, школските програми и  занимања, сигурни државни работни места и ден поделен на три еднакви делови - работа, слободно време за семејството и одмор.

Средната генерација ја помина својата младост уривајќи ги овие строги граници, давајќи и повеќе место на слободата. Оваа генерација создаде нови струки и занимања, нови форми на образование и која прва ја доби можноста да создаде бизниси и да ја обезбеди иднината преку свои иницијативи.

Конечно - тука е третата генерација на млади луѓе кои се добро поврзани со светот. Тие бараат можност да ги исполнат своите соништа и таленти. Можеби нивните баби и дедовци, како и нивните родители, не им оставија совршен свет - но секоја нова генерација може да започне од почеток и да го бара најдоброто за себе!

Ако веќе сте сфатиле дека сте, така да се каже со јазикот на генерацијата на вашите родители и баби и дедовци, потенцијал - тогаш сè што треба да направите е да се фрлите на работа и да го остварите вашиот сон. Сепак, без поддршка на околината, многу е потешко да се успее. Затоа тука е проектот #ChatBeforeYouJudge, кој заеднички го спроведуваат NESCAFÉ 3in1 и популарното музичко дуо 2Бона, чија цел е да ги охрабри младите да ги споделат своите таленти со секого.

Марио Јелиќ Кун и Антонио Стојановски Тонито, членови на бендот 2Bona, во наредниот период преку својот инстаграм профил, ќе им овозможат на сите заинтересирани подобро да се запознаат со нив. NESCAFÉ 3in1 и 2Bona исто така подготвија интересно изненадување - првото музичко видео во Македонија, кое е целосно направено од снимки испратени од следбениците на оваа музичка група, од 9 до 18 септември со користење на хаштагови #tojsumchallenge и #ChatBeforeYouJudge.

Дури и да не се најдете во музичко видео, направивте многу важен чекор и им покажавте на сите кој сте вие всушност. Исто така, ќе добиете нешто што е многу важно - поддршка од пријателите, но и од луѓе што не ги познавате. Бидете храбри, верувајте во себе и во вашиот талент и чекорете храбро напред.

#nescafe3in1 #2bona #ChatBeforeYouJudge

Видео: На 11 години има желба да стане претседател на државата

Девојче од Србија Наталија (11)  има желба кога ќе порасне да стане претседател на државата.

Таа гостуваше во популарната емисија “Практична жена” која кај нас се емитува на “Сител” телевизија.

Ова мало девојче покажа дека навистина умее да готви подобро дури и од најголемите домаќинки. Во емисијата приготви Славонски колач, кој излгеда превкусно, а тоа го потврдија и останатите гости и водителката.

Во продолжение погледнете ја целата емисија која веруваме дека и вас ќе ви остави впечаток и уверете се во умешноста на малата Наталија:

Популарно