Фото: Македонската водителка се потсети на трудничките денови

Македонската водителка Анастасија Деа Богдановска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски пред повеќе од еден месец станаа родители на нивната ќерка Дениција.

Тие летово беа многу активни и заедно со нивната ќерка посетија и туристички места низ земјава.

Анастасија е активна на социјалните мрежи и често споделува и фотографии од семејството, а сега се потсети на трудничките денови.

Го облече истиот фустан кој го носела додека била бремена во деветиот месец и направи пред и потоа фотографија на истото место како во бременоста.

-240 дена во vs 50 дена надвор, напиша таа во опис на фотографијата.

Коментари

Популарно