(Фото) Роналдо позираше во најскапите пижами кои сте ги виделе

Не треба Кристијано Роналдо да игра фудбал за да биде во центарот на вниманието. Доволно е да седне во својата јахта во пижами. Португалецот на својот Инстаграм поставил фотографија на која се гледа како ужива.

Дел од неговите критичари на социјалните мрежи реагираат дека направил моден ексцес, но набрзо во јавноста излезе информација колку чини пижамата на Роналдо.

Станува збор за свилени пижами од брендот „Луј Витон“, чија цена е околу 2.200 евра, но некои му порачаа дека изгледаат како да му ги шиела баба му.

Има огромен број на позитивни коментари, но има и негативни каде фановите го “раскостија“ од зезање.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

What a beautiful 🌅🙏

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Коментари

Популарно