Андреј Жерновски вели дека ќе стори се да се уапси Младен Ефремов, кој убива кучиња со своето куче

Андреј Жерновски, се уште актуелниот заменик-министер за надворешни работи, објави дека ќе стори се што е во негова моќ да се уапси Младен Ефремов, кој ја згрози јавноста откако објави видео од тоа како неговото куче дави и убива друго.

На социјалните мрежи од пред три дена е објавено видео од агресивно куче како убива друго куче и потоа се обидува да го распарчи. Според описот на објавата, сопственикот кучето е извесен Младен Ефремов од Св. Николе и ова видео е извадено од неговата лична збирка видеа на Фејсбук.

„Ќе сторам се’ што е во моја моќ ова .... лице.... да одговара за ваквото злодело !!!

Имаме име и презиме, што значи дека немаме изговор“, објави Жерновски.

Коментари

Популарно