Уапсената жена имала и пиштол со себе

Американската полиција уапси жена осомничена за испраќање пакет со отров рицин на претседателот Доналд Трамп. Жената е уапсена кога се обидела да влезе во Соединетите држави од Канада, соопштија американските власти. 

Уапсената жена имала и пиштол со себе, јавува Си-Ен-Ен, додавајќи дека наскоро против неа ќе биде покренато обвинение. Пакет кој содржел отров рицин бил испратен до претседателот Доналд Трамп и полицијата го пресретнала претходно оваа недела, пред да биде доставен до Белата куќа. Рицин е високо токсично соединение извлечено од рицинусово зрно кое се користи во терористички заговори. Може да се користи во форма на прав, гас или киселина.

Коментари

Популарно