(Видео) Анастасија и Пејовиќ пееја, а за микрофон се фати и Александра

Пејачката Александра Пријовиќ вчера, 22 септември, го прослави својот 25 роденден во кругот на најблиските пријатели и членови на семејството.

Таа направи интимна прослава во еден локал во близина на река, на која присуствуваа кумот Ацо Пејовиќ, Анастасија Ражњаотивќ и уште неколку нејзини блиски пријатели.

Иако имаше ангажиран бенд кој ги занимаваше гостите, микрофонот покрај самата Александра, го фатија и нејзиниот кум Пејовиќ, но и Анастасија.

Додека Александра пееше неколку хитови на Цеца, младата Ражњатовиќ пееше уште еден хит на Ана Бекута, која очигледно е нејзина омилена песна.

Видеото од роденденот на пејачката можете да го погледнете ТУКА.

Коментари

Популарно