Андријана Јаневска ќе ја претставува Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди

Андријана Јаневска е позната виолинистка и професорка по музика. Дека музиката и е во крвта покажала многупати, за нејзиниот талент воопшто и не треба да се зборува.

За музичкиот талент на Андријана Јаневска не треба да се зборува многу бидејќи таа тоа го потврдува со својот успеси, а овојпат македонската пејачка ќе ја претставува нашата држава во проект за Гинисовата книга. Јаневска се пофали на својот „Фејсбук“ профил  истакнувајќи дека единствен услов за учество бил во договорот да пишува дека ја претставува Република Македонија.

„Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“, напиша пејачката.

Под објавата се нижеа честитки и пофалби на Андријана која може да биде горда за еден ваков успех.

„Гинисовата книга на рекорди“ е референцијална книга која се објавува секоја година, и ги содржи меѓународно познатите колекции на светски рекорди во кои се вклучуваат сите човечки достигнувања, како и екстремите на живиот свет. Книгата самата по себе држи светски рекорд, како најпродаваната книга со авторско право на сите времиња.

Коментари

Популарно