Шумахер од Швајцарија го преселиле на Мајорка: Само на три лица им е дозволено да го посетат

МИХАЕЛ Шумахер повеќе не се опоравува во Швајцарија, туку во Мајорка. Неговата сопруга Корина таму во 2017 година за 30 милиони евра ја купила Вила Јасмин.

Вилата претходно беше во сопственост на претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Само на три лица им е дозволено да го посетат Шумахер

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 се здоби со тешка повреда на главата при скијање на француските Алпи во 2013. година, а од тогаш многу малку се знае за неговото здравје. Една година подоцна, поточно во септември 2014. година, тој излезе од вештачки предизвиканата кома и беше преместен на домашна нега во вила на брегот на Женевското езеро.

Оттогаш, во медиумите има само малку информации за здравјето на Шумахер. Една од нив ја дала поранешната сопруга на Флавиус Бриаторе, Елизабета Грегорачи.

“Михаел не зборува, туку комуницира само со очите. Само три лица можат да го посетат и јас знам кои се тие”, изјавила Грегорачи за италијанската верзија на шоуто „Големиот брат“.

Коментари

Популарно