(Фото) Ирена Спировска доби понуда за пријателство од холивудскиот актер

Македонската водителка Ирена Спировска е активна на социјалните мрежи каде често споделува фотографии од уживањето во слободно време додека не е пред ТВ камерите, додека планира и се релаксира со најблиските.

Нејзиниот „Инстаграм“ профил е преполн со фотографии од прекрасни предели кои ги снимила за време на планинирање, пешачење, кампување.

Но, сега таа објави фотографија со цел да се пофали дека добила барање за следење од Инстаграм профил потпишан како Бредли Купер односно „bradleycooper5312“.

Спировска ова известување го сподели на „Инстаграм стори“, а во описот додаде и емотикони кои се смеат, па така најверојатно ова нотификација ја насмеала и водителката.

Коментари

Популарно