Овој човек го има најголемиот хонорар во “Задруга 4”: Тој добива 350.000 евра за да прави драми

Дали некогаш сте помислиле дека сте ја пронашле совршената работа? Нешто на пример, кое екстремно обожавате да го правите, и да ви носи огромни суми на пари?

Таков е случајот во реалното шоу Задруга, кое го следат милиони не само на поранешните југословенски простори, туку и ширум светот.

Имено, еден од членовите на реалното шоу “Задруга 4”, за само неколку месеци ангажман и престој во Белата куќа, ќе заработи околу 350.000 евра.

Реалното шоу “Задруга 4” е во тек, ситуацијата во Белата куќа е напната, влегуваат и стари искусни играчи од претходни реалити шоуа, а она што сите ги интересира, е кој има најголем хонорар?

Станува збор за Кристијан Голубовиќ, кој важи за дефинитивно најплатената ријалити ѕвезда на балканот. Но, што мисли тој за сето ова?

-Ми велат, ти си циркусант, стар лета, влегуваш во ријалити шоуа! Па зар ти не би влегол за 350.000 евра? Еве, да ги откриеме картите, па нека ме демантираат! Нема да влезам внатре доколку не можам барем една куќа да купам – открил Голубовиќ за Аваз.

Според овие информации, за девет месеци престој во реалити шоуто “Задруга 4”, Кристијан Голубовиќ наводно би требало да заработи 350.000 евра, односно преку 20 милиони денари, под услов да остане до крајот.

Со оваа сума на пари, може да заклучиме дека Кристијан за само еден ден во Задруга, заработува речиси 1.300 евра, тоа се 54 евра на час, или речиси едно евро секоја минута.

Зарем ова не е привлечна понуда?

Коментари

Популарно