Овој човек го има најголемиот хонорар во “Задруга 4”: Тој добива 350.000 евра за да прави драми

Дали некогаш сте помислиле дека сте ја пронашле совршената работа? Нешто на пример, кое екстремно обожавате да го правите, и да ви носи огромни суми на пари?

Таков е случајот во реалното шоу Задруга, кое го следат милиони не само на поранешните југословенски простори, туку и ширум светот.

Имено, еден од членовите на реалното шоу “Задруга 4”, за само неколку месеци ангажман и престој во Белата куќа, ќе заработи околу 350.000 евра.

Реалното шоу “Задруга 4” е во тек, ситуацијата во Белата куќа е напната, влегуваат и стари искусни играчи од претходни реалити шоуа, а она што сите ги интересира, е кој има најголем хонорар?

Станува збор за Кристијан Голубовиќ, кој важи за дефинитивно најплатената ријалити ѕвезда на балканот. Но, што мисли тој за сето ова?

-Ми велат, ти си циркусант, стар лета, влегуваш во ријалити шоуа! Па зар ти не би влегол за 350.000 евра? Еве, да ги откриеме картите, па нека ме демантираат! Нема да влезам внатре доколку не можам барем една куќа да купам – открил Голубовиќ за Аваз.

Според овие информации, за девет месеци престој во реалити шоуто “Задруга 4”, Кристијан Голубовиќ наводно би требало да заработи 350.000 евра, односно преку 20 милиони денари, под услов да остане до крајот.

Со оваа сума на пари, може да заклучиме дека Кристијан за само еден ден во Задруга, заработува речиси 1.300 евра, тоа се 54 евра на час, или речиси едно евро секоја минута.

Зарем ова не е привлечна понуда?

Шест хороскопски знаци ќе бидат миленици на универзумот до крајот на октомври

Иако месецот сигурно нема да биде лесен за секого, според астрологот Јуан Натаниел Грим, шест хороскопски знаци ќе имаат голема корист од енергијата на овој месец. Тие ќе бидат милениците на универзумот и до крајот на октомври ги очекува голем успех.

Вага

Вагите имаат задача „да ги редефинираат своите сојузи“. Вие се соочивте со значителни предизвици во последната година и половина. Поради вашата неодлучна природа, не бевте сигурни во која насока треба да одите. Се надеваме дека оваа маглива неодлучност се расчисти и ќе почнете да поминувате низ животот со поголема самосвест. Сега кога сте сигурни во себе и вашите потреби, повеќе нема да се двоумите да ги исфрлите лошите луѓе од вашиот живот. Сето ова заедно ќе создаде нов простор за нови луѓе кои ви помагаат да растете, а не да ве задржуваат.

Стрелец

Стрелецот ќе воспостави важни врски овој октомври, вклучувајќи клучни врски во мрежата на пријатели или професионални колеги. Значи, ако имало дружење или градење тим што сте го одложиле, сега е време да се вратите на тоа. До крајот на октомври очекувајте голем успех, а можете да креирате и нови типови содржини со кои ќе го зголемите вашето присуство на социјалните мрежи. Ова е одлично за оние кои се надеваат дека ќе најдат друг извор на приход или ќе работат самостојно. Се на се, до крајот на октомври ќе може да се насмевнете бидејќи сигурно ќе останете еден од фаворитите на универзумот.

Риби

Рибите можеби се чувствуваат исцедено во последно време. Сепак, до крајот на месецот, некои од вас би можеле да изградат профитабилен бизнис, велат астролозите. Но, вие не сте само подготвени за успех во кариерата, туку ќе бидете успешни кога станува збор за љубовта. Може да развиете поинтимна врска со партнерот и да уживате во експлозија на емоции и страст.

Овен

Периодот до крајот на месецот ќе биде исполнет со подеми и падови. Од една страна, можете да очекувате да имате вредни партнерства на работа кои водат до ветувачки договори. Ова може да биде во форма на нова можност за работа или деловен договор доколку сте хонорарец. Тоа е одлична вест, но пред вас ќе има турбуленции, особено во односите. Голем дел од ова е затоа што Марс во Рак прави напнат аспект со Сонцето во Вага кон средината на месецот. Но, можете да се справите со тоа.

Водолија

До крајот на месецот ќе го проширите начинот на размислување и ќе создадете патишта до финансиски и кариерен успех. Затоа, ако сте биле во финансиски проблеми, немојте да бидете премногу вознемирени. Среќата доаѓа кај вас. Притоа, очекувајте да работите на работи за кои уживате и имате страст. Без разлика дали се работи за ваша кариера или личен живот, и двата патишта можат да доведат до големи можности ако ги играте вашите карти правилно.

Скорпија

Магнетниот хороскопски знак Скорпија ќе доживее изобилство од среќа и наклонетост на универзумот. Луѓето може да ве сметаат за попосакувани и похаризматични, што би можело да привлече нов романтичен партнер во вашиот живот или да ве натера да се чувствувате пофлертувачки од вообичаено. Но, шармот и добродушното флертување не се единствените работи на вашата добитен лоз. Останете фокусирани на вашето здравје, тоа ви е приоритет до крајот на октомври.

Бисер на Медитеранот со пониски цени од Македонија!

Можеби звучи неверојатно, но постои место на Медитеранот, кое е дел од ЕУ, кое има навистина што да понуди, а со далеку пониски цени од повеќето градови во Македонија. Станува збор за еден голем остров во Италија, долу на југот, кој на мапа ќе го најдете веднаш шпицот на чизмата (Апенинскиот полуостров). 

Уште на првиот чекор од авионот во Комисо не прегрна топлиот мирис на море измешан со свежина на лимони. Летавме од Софија, планот беше до Катанија, но поради пожарите кои беснееја на Сицилија летот ни беше преместен за Комисо. Мало градче на околу 100 километри од Катанија.

Кога стигнавме доцна навечер пред аеродромот имаше организиран бесплатен превоз до Катанија. Со срца полни со возбуда и планови, се впуштивме во авантурата. 

Катанија – град на бои и вкусови 

Првиот ден го започнавме со прошетка низ уличките на Катанија, каде секој камен има своја приказна. Градскиот пазар пулсираше со живот – мирисот на свежа риба се чувствуваше надалеку. На улица ни приготвија сендвич со крцкав леб, моцарела и мортадела чиј вкус беше првото мало „добредојде“ од островот. Со градски автобус стигнавме до плажите во близина на аеродромот – чудно, но прекрасно чувство, да пливаш додека над тебе прелетуваат авиони, а потоа пешки се вративме до градот за да го погледнеме од агол поблизок на тие што живеат таму.

Работното време на сите продавници, кафичи, ресторани беше двократно односно во жешките часови не работеше ништо, а вечерта следуваше забавата, улични свирки, преполни барови и ресторани. Секако дека едната вечер јадевме домашна паста,а  другата беше резервирана за коктели, Аперол и лимончело шприц кои беа со доста ниска цена (3 евра). 

Таормина – разгледница што оживува 

Од Катанија автобусот нè однесе до Таормина – како да влегуваш во разгледница. За еден час со малку лудо возење по страните и криви улици стигнавме до градот, а со жичара се спуштивме кон плажата на Изола Бела. Камена плажа со тиркизно море, со неколку барови во кои мора да признаам дека имаше високи цени за наши стандарди.

Можеби најромантичен дел од денот беше што бевме сведоци на свадба на плажата.. Вечерта се вративме горе повторно со жичарата(картата чинеше 10 евра за двата правци) за да ја почувствуваме магијата на градот во ноќта – погледите што го одземаат здивот и градините што мирисаат на лаванда и историја.

Сиракуза – љубов на прв поглед 

Еден ден  без план отидовме до автобуската станица и купивме карта за Сиракуза. По патот просведочивме на огромниот дел зеленило што изгорело, се мирисаше на чад но кога стигнавме градот нè фасцинира со својата убавина. 

Малата плажичка нè дочека со топли бранови, се изгубивме шетајќи низ тесните улички, а канолите беа совршената сладост на тој ден. Храната и пијалоците не беа воопшто скапи, од паста за 4 евра до газирани сокчиња за 2 евра.

Палермо – мешавина од култури 

Патувањето го  продолживме од другата страна на островот, во Палермо – град каде модерното и класичното танцуваат заедно. Мирисот на пица нè следеше на секој чекор,  пробавме неколку различни видови, секоја со свој карактер.

Но вистинската љубов таму беше Мондело – плажа со кристално чиста вода, опкружена со прекрасна придрода од карпи и планини и по некој бар на плажата каде неизбежно е да се напиеш Аперол. 

Во вечерните часови со тротинет видовме поголем дел од градот и се забавувавме на уличните забави.

Цените не изненадија, и тоа позитивно. Буквално не се исплатеше да се влегува во маркет за било што. Седнуваш во кафич и се прашуваш дали навистина си во западно европска земја. Пива Хајнекен, Амстел, Бекс (0.5л шише) 2.5 еур, аперол 2.5 евра, коктели 4 евра, жестоки пијалоци од 2-5 евра. Во пекара може да јадете и за помалку од 1 евро, а се наоѓаат и пицерии каде средна пица почнува од 3 евра (маргарите), па нагоре.

Трапани – убавината на непланираното 

Планиравме бродска тура од Трапани до островите Фавињана, но автобусот до Трапани се расипа уште на тргнување од Палермо, чекавме да дојде друг по нас и секако го пропуштивме бродот.

Наместо разочарување, градот ни подари нешто друго – прошетка низ сончеви тесни улици, кафе барови со одлично кремасто кафе и плажа со природна сенка од палми. Некои приказни едноставно се пишуваат сами. 

Ветување на заминување 

Последните моменти во Катанија беа тивки. Гледавме кон морето, додека сонцето се спушташе зад хоризонтот, и знаевме дека Сицилија не е само дестинација – таа стана дел од нас. 

На заминување си ветивме: ќе се вратиме повторно.  

Ј.Т.

ФОТО: Девојка потполно ги збуни корисниците на Твитер, никој не знаел во што гледа

Бизарна фотографија од девојка, овој викенд добро ги „намачила“ корисниците кои немале идеја во кој дел од телото гледаат.

Фотографијата била споделена на Твитер, кога еден корисник забележал дека со неа нешто не е во ред.

„Прво помислив дека ова е нејзиниот врат“, го напишал своето размислување. Меѓутоа, се испоставило дека погрешил.

Необичната фотографија почнала да се шири на социјалните мрежи, оставајќи многумина во недоумица.

„Гледам во неа пет минути, и доколку ова е нејзиниот врат, тогаш јас сум глупав“, напишал друг корисник на Твитер.

Откако добро ќе ја погледнете фотографијата, ќе видите дека на неа се наоѓа жена со долга, виткана коса и голи рамена.

Популарно