90% од возачите не знаат што значи овој знак, а може да се сретне на германските автопатишта

Кога ќе стигнете во друга држава, понекогаш може да бидете збунети од сообраќајните знаци кои се специфични токму за неа.

Доколку некогаш сте возеле по германските автопатишта, може сте забележиле и сообраќаен знак со бела подлога на која се наоѓа портокал симбол во облик на стрелка.

Знаете ли што значи?

Иако делува необично, се работи за знак за заобиколување, но овој знак не значи дека заобиколувањето е нужно, туку дека се препорачува. Доколку го игнорирате, вие не сте прекришиле ниту едно сообраќајно правило.

Овој знак кој најчесто може да се сретне на германските автопатишта, укажува на алтернативна сообраќајна рута, на која има помал сообраќаен метеж, па би можеле побрзо да пристигнете до својата посакувана дестинација, пишува германски Фокус.

Дали некогаш сте го сретнале овој знак?

Коментари

Популарно