БРЗИ КОВИД ТЕСТОВИ - ќе чинат 1.000 денари, ама позитивните ќе мора да направат и ПЦР тест

Следната недела во земјава треба да пристигне пратката од 4.000 брзи ковид тестови. Пет компании чии тестови имаат зелено светло од СЗО се во игра за од нив да се набават тестовите. Тоа за Канал 5 го изјави директорот на Здравствен дом Виктор Исијановски. 

Ако пристигнат навреме, пациентите ќе ги прима Поликлиникта во Ѓорче Петров, што би се случило за околу десетина дена.

Тестот би чинел најмногу 1.000 денари.

Ова ќе биде добра можност секој пациент да провери дали симптомите кои ги има се на грип или на Ковид, а притоа и да заштеди средства. 

„Тестовите ќе се прават на 15 до 20 минути, а резултатите ќе се добиваат веднаш“, рече Исијановски.

Сепак, ако брзиот тест се покаже позитивен, лицето ќе мора да направи и втора потврда преку ПЦР тест за да се докаже дека е позитивно на коронавирусот.

Коментари

Популарно