Родител го оставил детето во градинка, а потоа заминал да се тестира – резултатот позитивен

Родител од Неготино во четвртокот го оставил своето тригодишно дете во градинка, а потоа отишол да се тестира, каде резултатот испаднал позитивен, информираат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Од таму велат дека иако мајката не се тестирала, на детето ќе му биде направен тест.

Инаку, во градинката во која престојува детето денеска е потврден позитивен случај кај дете на иста возраст, кое било тестирано затоа што имало симптоми.

Во моментов во изолација се 13 деца, воспитувачка и негувателка.

Коментари

Популарно