Директорката на Инфективна: Луѓето почнуваат да веруваат во болеста кога ќе им се разболи некој близок

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во интервју за Радио Слободна Европа зборуваше за систуацијата со болеста во земјава. Таа напомена дека доколку продолжиме вака да се однесуваме црното сценарио не ни бега.

-Секако ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио од која било категорија нема да ни избега, мораме да се вратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија. А тоа е навистина толку многу пати повторено на сите различни нивоа, во смисла да се допре до сите различни таргет цели за примена на овие препораки и информации, вели Стевановиќ.

Директорката исто така напомена дека не треба да дозволиме да почнеме да веруваме во болеста токму кога ќе ни се разболи некој близок.

-Веројатно бројката на луѓе кои ќе имаат сериозна потреба од медицинско-болничко лекување ќе стигне до секој еден, кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш вербата и ќе стигне. Но страшно е ако го дозволиме тоа навистина ќе почнеме да ја губиме сериозно битката со заразата, не смееме да дозволиме вакви драстични, лични и емотивни случувања да ни бидат расветлување, разбистрување на свеста и стигање на информацијата, сето тоа може да биде многу полесно, вели директорката на Инфективна.

Коментари

Популарно