ЗАЕВ ТРЕБА ДА ОДЛУЧИ: Се бара политичка одговорност од Лидија Димова

Се бара политичка одговорност од Лидија Димова од Националната агенција. 

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски денеска доставил предлог до премиерот Зоран Заев со кој бара политичка одговорност за директорката на Националната агенција, Лидија Димова, по скандалот за ненаменско тршење европски пари. Ова за Канал 5 го изјави Николовски. 

Заев ќе треба да пресече дали ќе побара оставка или ќе ја разреши Димова.

 „На основа на она што го констаиравме, прекршување на членови од кодексот, сметам дека за Димова треба да има политичка одговорност. Заев треба да одлучи дали ќе побара оставка или разрешување на Димова“, рече Николовски.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за случаите кои беа обелодените изминатите недели.

„Кога планираат Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да отворат случај за сомнежот за проневера на над 20.000 евра коишто фалат од благајната од Националната агенција, за што што има и јавно сведоштво од страна на благајникот дека парите биле земани со факсимил на Лидија Димова“, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

 Димова претходно кажа дека нема да поднесе оставка. 

Скандали имаше со високи суми на пари кои биле доделувани за проекти. Имало и поддршка за проекти за тренинг на магариња.

Коментари

Популарно