Заев: Вирусот е летечки, ќе усвоиме да се носи маска на отворено

Владата ќе ја усвои препораката да се носи маска на отворено која по предлог на Комисијата за заразни болести ќе се разгледува денеска на владина седница. Премиерот Зоран Заев изјави дека вчера на состанокот со членовите на комисијата, се убедил во нивните аргументи дека дел од заштитата е и носењето маска на отворено.

„Имаат аргументации за таа одлука. Вирусот е летечки, при движење го креваме нагоре. Не значи дека сме безбедни ако седат надвор двајца и не носат маска исто така. Знам, има на социјалните мрежи реакции, има и сугестии. Еве и јас некогаш имам порив да кажам, аман и ова ли. Сепак во Комисијата има експерти и ние нив треба да ги слушаме. Инаку носат мерки кои се слични и како секаде во светот и нивното мислење треба да го почитуваме, рече Заев.

 Освен првиот пакет рестриктивни мерки, денеска Владата ќе дискутира и за вториот пакет, со кој се препорачува крај на работното време во 23 часот за сите економски оператори, како и намалување на капацитетот на патници во автобусите до 50 проценти. Администрацијата ќе работи од дома онлајн или во смени или пак по принцип на ротации.

Коментари

Популарно