Колку заработи од последната борба Хабиб?

Хабиб Нурмагомедов изелзе како победник против привремениот првак, Американецот Џастин Геџи во една од најголемите борби во историјата на УФЦ лесна категорија. По завршувањето, тој објави крај на кариерата.

Хабиб поради својата популарност заработи 31,1 милиони долари, додека Геџи 650.000 долари. Дагестанецот ќе добие и дополнителни 100.000 долари поради тоа што ја доби борбата.

Нурмагомедов го натера Американецот да се предаде, а потоа најави пензиј. За првпат во својата кариера оваа борба мина без неговиот татко, кој почина оваа година, а пред мечот на својата мајка и вети дека ова ќе биде последна во неговата кариера.

Тој остана непоразен во 29 борби.

sportmedia.mk

Коментари

Популарно