Колку заработи од последната борба Хабиб?

Хабиб Нурмагомедов изелзе како победник против привремениот првак, Американецот Џастин Геџи во една од најголемите борби во историјата на УФЦ лесна категорија. По завршувањето, тој објави крај на кариерата.

Хабиб поради својата популарност заработи 31,1 милиони долари, додека Геџи 650.000 долари. Дагестанецот ќе добие и дополнителни 100.000 долари поради тоа што ја доби борбата.

Нурмагомедов го натера Американецот да се предаде, а потоа најави пензиј. За првпат во својата кариера оваа борба мина без неговиот татко, кој почина оваа година, а пред мечот на својата мајка и вети дека ова ќе биде последна во неговата кариера.

Тој остана непоразен во 29 борби.

sportmedia.mk

(ВИДЕО) Пандев со солзи во очите ја пееше химната за последен пат како капитен на Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со солзи во очите денеска за последен пат ја испеа националната химна на последниот меч од ова деби на Македонија на Европското првенство.

За Пандев овој денешен меч со Холандија во Амстердам е последен во својата репрезентативна кариера, после точно 20 години како го носи црвено-жолтиот дрес, па многу емотивно Пандев ја отпеа националната химна, после што доби посебен дрес од Холанѓаните за неговиот последен меч за националниот тим.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Македонија денес го игра последниот натпревар на ЕУРО2020, последен меч и за Горан Пандев во националниот дрес

Фудбалската репрезентацијата на Македонија денес во 18:00 во Амстердам го игра својот последен натпревар на ЕУРО 2020 против репрезентацијата на Холандија.

Ова беше историски прв настап за нашата репрезентација на Европско првенство, и иако резултатски во првите два натпревари потфрливме, тоа секако не треба да се доживее како разочарување, со оглед на фактот што дебитиравме на едно големо натпреварување како самостојна држава.

Овие момци , не направија горди во секаква смисла на зборот, и за прв  пат ја осетивме фудбалската еуфорија на едно големо натпреварување. Македонија ги загуби двата натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 и останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 за престиж и да се одигра за капитенот Горан Пандев кој за последен пат ќе го носи националниот дрес.

Зад Пандев ќе остане запишано дека е европски и светски првак со Интер, освојувач на скудетото со „нераѕурите“, победник на Купот со три клуба (Лацио, Интер, Наполи), еден од малкумината странци со над 450 настапи во Калчото, меѓу 80-тината фудбалери во Италија со сто голови.

Пандев ќе се збогува со националниот дрес како фудбалер со најмногу настапи и најдобар стрелец со во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал со 37 голови, вклучувајќи го и историскиот прв на Европските првенства, што го постигна против Австрија на 13 јуни во рамки на првото коло од групата Ц на ЕУРО2020..

Без разлика на крајниот резултат , Македонските фудбалери се најголемите херои кои ја сплотија македонската нација и повторно ја вратија вербата во репрезентативниот фудбал.

ЕВРО 2020 ќе биде запишано со златни букви  во Македонскиот репрезентативен фудбал и без разлика на се што ќе се случи во иднина, така и ќе остане.

(Фото) Еве кој се најде во идеалниот тим на второто коло на ЕП

Македонскиот голман, Столе Димитриевски доби место во идеалниот тим на второто коло на 16. Европско првенство.

Димитриевски на средбата против Украина успеа да му одбрани и пенал на Малиновски, па оценката 8,6 беше доволно за да биде во најдобрата единаесетка во изборот на „Софаскор“.

Популарно