(Фото) Рита Ора со стари фотографии покажа дека и недостига летото

Рита Ора на социјалната мрежа Инстаграм објавила неколку фотографии на кои што позира во провокативни пози, а кои што биле направени ова лето во Грција и на Ибица.

Британската пејачка Рита Ора ова лето ја „подигнуваше температурата“ на социјалните мрежи со своите разголени објави, па очигледно таа овие денови почувствувала носталгија за тоа време па одлучила да објави неколку фотографии од архивата.

„Вратете ме назад. Во Лондон врне. Филмот и камерата од мојот последен одмор во Грција и Ибица 2020-та година“, напишала Рита покрај фотографиите кои што ги објавила.

Рита неодамна покрена гласини за веридбата со своето момче Ромаин Гавас, откако била забележана дека носи дијамантски прстен на својата рака.

„Рита го покажуваше прстенот на своите пријателки кои што восхитено го проучуваа и коментираа. Рита беше прекрасно расположена, а при излегувањето ја сокри својата рака на која што го носи прстенот во џебот“, изјавила за „The Sun“ вработена во ресторан каде што Рита била на ручек.

Меѓутоа, извор близок до пејачката ги негирал тврдењата со образложение дека таа носела само ново парче накит на својата рака.

Коментари

Популарно