Австрија ги забрани визирите бидејќи не се безбедни: Јавноста збунета од ваквата одлука

Во Австрија како и во сите земји од Европа постојано стапуваат на сила нови мерки за заштита во обид да го запрат ширењето на болеста, но од една јавноста е најмногу збунета, а тоа е забраната за носење на визири.

Иако од почетокот на кризата визирите станаа многу популарни особено кај медицинските лица, сепак официјалните лица процениле дека тие како и сите оние кои не го штитат доволно лицето и носот не се сигурни. Според нив само маските кои добро се прилепуваат на лицето се единствената соодветна мерка за заштита во сите затворени простории.

Визирите кои најчесто ги носат вработените во рестораните и продавниците, додека медицинските лица ја носеа како заштита плус потребната маска, сега се сметаат како не доволна заштита, а тоа е докажано со студиите направени изминативе неколку месеци.

„Механичките средства за заштита како што се „штитници“ или „мини визири“ се покажаа како несоодветни во спречувањето на ширењето на болеста и мора да бидат забранети“, се вели во соопштението на австриските власти.

Сепак луѓето кои не можат да носат маски од здравствени причини ќе бидат изземени од ова правило.

Една американска студија објавена во септември покажа дека штитниците обезбедуваат најмалку заштита од болеста од сите останати „маски“. Симулацијата покажа дека штитникот може да го запре ширењето на капките во моментот на кивање или кашлање, но дека капките сè уште се расфрлаат низ собата и потенцијално ги загрозуваат другите луѓе.

Германскиот институт Роберт Кох исто така издаде соопштение во кое се наведува дека употребата на визири не може да биде алтернатива за покривање на устата и носот, бидејќи постојните студии покажуваат дека визирите не апсорбираат секретирани капки од дишење.

Коментари

Популарно