(Фото) Миа Костова: „Прост народ се мачка со ракија и дреме дома“

Македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова неодамна соопшти на социјалните мрежи дека е заразена со коронавирус и дека започнува период во кој ќе биде во изолација.

По добиениот негативен тест битката над вирусот, водителката излезе надвор и прошета низ скопските улици.

Но, не пропушти да се огласи и на Фејсбук, каде напиша:

„Ќе си дадам за право можеби дека го лежев. Вирусот постои. Вирусот е опасен за хронично болни и стари. Но! Знаете ли вие која е процедурата кога ќе добиеш позитивен тест? Па никој нит те гледа нит те слуша нит го занима. Матичен ти збори на телефон и ако некој е подучен да каже дека нема симптоми за да не лежи 20 дена, матичниот верува. Знаете ли дека не се прима терапија за ковид ако немате симптоми, е, јас сум да се прима во секој случај. Зошто? Затоа што нели не знаеме како и колку сме спремни во моментот да се браниме. Од сите заболени во моја околина па дали 2-3 добија терапија затоа што имаат доктори блиски. Да не навлагам во тоа дека прост народ се мачка со ракија и дреме дома не се ни тестира пошо кој ќе работи 20 дена, дома нема седење!

Е после сето ова се стига на ургентен со сатурација 70 такоречи мртви па после се прави паника па почињаме да бараме и психијатри и со терапијата пиеме и хелекс.

Мозок укључете. Не е тешко покрај мерките“ напиша Миа Костова.

Коментари

Популарно