Хероите им подарија потпишани дресови на медиумите и им се заблагодарија за поддршката!

Убав гест од фудбалската репрезентација на Македонија и ФФМ. Имено фудбалерите и селекторот Игор Ангеловски им подарија потпишани дресови од сите играчи, на медиумите и им се заблагодарија на поддршката.

Селекторот Игор Ангеловски притоа даде изјава..

“Со ова сакаме да им се заблагодариме на медиумите за нивната поддршка кои ја дадоа на репрезентацијата. Секако дека пласманот на ЕВРО е заеднички успех“ истакна Мрме.

sportmedia.mk

Коментари

Популарно