Погледнете што да додадете во шампонот за да ја препородите косата

Без чиста и здрава кожа на главата, нема ни убава коса, а негата на темето честопати е на последно место. Кога темето е чисто, косата помалку се масти, побрзо расте и изгледа посвиленкаво и поздраво.

Добро е одвреме-навреме да направите пилинг на кожата на главата и да ги отстраните остатоците од препаратите што ги користите, како и маснотиите што се таложат.

Наместо да потрошите еден куп пари на производи од парфимерија, направете пилинг сами со тоа што ќе додадете лажица шеќер во шампонот што вообичаено го користите.

Гранулите од шеќер ќе направат благ пилинг и ќе ги отстранат сите мртви клетки, а истовремено ќе овозможат регенераторот што го користите полесно и подобро да продре во темето и да го хидрира.

Употреба:

Кога ќе измешате шампон и шеќер, направете блага масажа 3-4 минути за да бидете сигурни дека сите нечистотии се отстранети. Потоа, измијте ја косата како што вообичаено го правите тоа.

Шеќерот ќе се стопи, па затоа не треба да се грижите дали ќе ви остане во косата. Најдобро е да ја повторувате оваа постапка помеѓу секое трето и петто миење на косата.

Коментари

Популарно