Кија Коцкар: „Сакав да искочам од кожа, ги снимав белите дробови, едвај дишев“

Победничката на Задруга 1, реалити ѕвездата Кристина Кија Коцкар, неодамна со своите фанови на социјалните мрежи сподели вест дека не се чувствува добро, односно дека има настинка, поради што и носат храна и останати производи.

Во медиумите се шпекулираше дека Кија направила тест на ковид-19 и дека таа е позитивна, а потоа пејачката се јави на социјалните мрежи и објасни за што станува збор.

Коцкар вели дека има грип, односно дека се чувствува лошо, но и дека мора да остане на нозе поради најдобрите другарки.

„Им благодарам на сите кои беа со мене и на сите кои ме извлекоа од оваа агонија на грип поради кој сакав да излезам од кожата, бев сама во станот додека не добив резултати дека немам ковид-19“, вели пејачката.

Коментари

Популарно