Вакцината против Ковид ќе биде задолжителна за сите што сакаат да летаат со авион

Извршниот директор на авиокомпанијата „Квантас“ (Qantas), Алан Џојс, изјавил дека луѓето кои ќе сакаат да летаат со нивната компанија, ќе мора да докажат дека примиле вакцина против корона вирусот. Патниците ќе мора да ја покажат потврдата пред да влезат во авион.

Шефот на овој австралиски авиопревозник смета дека доказот за вакцинација ќе биде општо барање на многу авиокомпании, кога после пандемијата светот ќе почне да се враќа во нормала.

Џојс претходно изјави дека авионите нема да продолжат да летаат како порано се додека не биде достапна сигурна вакцина за персоналот и патниците, но и нагласи дека вакцинацијата ќе стане задолжителна за сите кои сакаат да патуваат со авион.

Иако некои луѓе што се противат на вакцинирањето можеби ќе претпоставуваат дека ќе можат да летаат со други авиокомпании, Џојс верува дека ова правило ќе го применуваат сите, а не само „Квантас“ .

По разговорот со бројни колеги, мислам дека тоа ќе биде вообичаена работа во другите авиокомпании ширум светот – додава Џојс.

Доколку вакцините бидат успешни, Џојс изјавил дека очекува меѓународните патувања да се вратат приближно до нормала до крајот на 2021 година.

Коментари

Популарно