(Фото) Хелена Роза покажа како изгледала во младоста

Некогашната ТВ водителка Хелена Роза која неколку години живее и работи во Нов Зеланд заедно со своето семејство, сепак е активна на социјалните мрежи, преку кои можеме да видиме што прави и каде оди.

Хелена овој пат одлучи да се потсети на времето кога беше активна на македонската јавна сцена и беше дел од насловните страници на списанијата.

На нејзиниот профил се најде стара фотографија од нејзината младост, односно насловна страница направена за списанието Екран пред 23 години. А да те има во „Екран“, значеше дека си познат и славен или во најмала рака талентиран и надежен уметник.

Хелена појасни дека тоа е нејзината прва насловна страница каде позира качена на мотор во сино мини фустанче од кое како и секогаш провокативна и бујна ја буди фантазијата.

Коментари

Популарно