Возило излетало од патот - Три лица повредени меѓу кои и еден малолетник

На 25.11.2020 околу 8.30 часот, на локалниот пат Ново Село два-Боговиње патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(39) изгубило контрола и излетало од коловоз.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците М.А.(40) и малолетник, а возачот се здобил со повреди. Тројцата биле пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Коментари

Популарно