Шекеринска: Заев само сакаше да отвори врати кон Бугарија

Како Влада ќе напраиме се што е можно да не бидеме заложници на историјата, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакнувајќи дека европските нации пронашле начин како да си простат.

– Треба да изнајдеме европски решенија. Ние како Влада покажавме дека сме подготвени на изнаоѓање компромиси, но кажуваме „не“ за предлозите кои се неприфатливи. Желбата на премиерот е да отвори повеќе врати за соработката меѓу Македонија и Бугарија, вели Шекеринска.

Министерката, одговарајќи на новинарски прашања, ги повтори зборовите на премиерот дека фашизмот нема етничка боја и нагласи дека во односите на Македонија со Германија, или Германија и Франција, не доминира темата за фашистичкото минато од 40-тите години.

– Историјата треба да се памти, но треба и да се запрашаме дали да ги носиме одлуките денеска според она што се случило пред седумдесет години, заклучи Шекеринска.

Коментари

Популарно