Захариева посакува да бидеме „бугарска колонија“, т.е. како Аргентина,Чиле и Шпанија

Министерката за надворешни работи продолжува со „идеите и предлозите“ што и како треба да се направи за да започнеме преговори со ЕУ!

4421

26 ноември 2020, 20:46

СподелиСподели

Бугарската министерска за надворешни работи, Екатерина Захариева во интревју за „Ефе“, повторно објасни дека главен аргумент за Ветото е според нејзе наводен „говор на омраза“ во Македонија кој трае 30 год и се однесува на се што е Бугарско во Македонија.

Во тоа интервју таа „посакува„ односите меѓу Бугарија и Македонија, да бидат налик на оние помеѓу Латинска Америка и Шпанија:

„Земам пример од Латинска Америка. Фактот дека Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека во еден момент тие имаат заедничка историја не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив, тоа ги приближува“

За потсетување, Чиле било окупиран и колонизирано од армадата на Диего дел Амагро, шпански конквискадор, а Аргентина била откриена и од тогаш почнала да се колонизирана од страна на Америго Веспучи, по што тие земји почнале да го употребуваат шпанскиот јазик.

Дали конечно Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и Министерот за Евроинтеграции, Никола Димитров ќе реагираат на ваквите провокации и навреди? Или нашата политичка тактика ќе остане - ќе ве „победиме“ со молк?

Коментари

Популарно