Тамара Тодевска го оствари она што го зацрта – пејачката покажа колку е ослабена

Тамара Тодевска во изминатиот период го даде сиот свој труд за да постигне тело какво што отсекогаш и посакувала. Имено, во период кога сите се движиме помалку, што поради ладното време, но и поради заразата која постојано демне и мораме да бидеме крајно внимателни, Тамара најмногу работеше на својот изглед.

Здрав начин на исхрана, постојано вежбање во теретана го носи крајниот резултат, а каков би бил, ако не совршен.

Сега, Тамара на својот Инстаграм објави фотографија на која носи тесни фармерки и маичка, а моделот на фармерките особено ги нагласи заслабените нозе на Тамара.

Очигледно задоволна од постигнатото, таа почувствува потреба тоа да го сподели со своите следбеници и обожаватели, а со тоа да докаже дека е истрајна во намерите кои ги зацртала во својата глава.

Коментари

Популарно