Вакцината за Ковид-19 во Грција ќе биде бесплатна и незадолжителна

Вакцината против ковид-19 во Грција ќе биде бесплатна од државата и нема да биде задолжителна.

Ова денеска при посета на болница во Солун го изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој рече дека ќе се потпрат на здравиот разум на граѓаните, но дека советите на лекарите ќе бидат да охрабрат што е можно повеќе граѓани да се вакцинираат во јануари, кога ќе започне големата програма за вакцинација,

Објасни дека сликата постепено се стабилизира, со позитивен биланс меѓу примени и отпуштени од болниците, „што значи дека се намалува притисокот врз националниот здравствен систем“.

-Знаеме дека пред нас ќе имаме уште една до две многу тешки седмици, но исто така знаеме дека кога ќе почнеме да излегуваме од режимот на строги ограничувања, ќе мора да бидеме двојно претпазливи. Бидејќи, да бидеме искрени, летово не го сторивме тоа. Верувам дека сите сносиме одговорност и јас бев првиот што го призна делот од одговорноста што ѝ припаѓа на државата, но не смееме да заборавиме дека индивидуалните однесувања се тие што го одредуваат темпото на ширење на пандемијата, истакна Мицотакис.

Порача дека годинава божиќните празници ќе бидат поразлични, во тесниот круг на семејството.

Коментари

Популарно