Вучиќ: Северна Македонија има вкупно повеќе починати од Србија, а е многу помала

Српскиот претседател Александар Вучиќ при посетата на Ниш, одговарајќи на критиките од стручњаците дека здравствениот систем може во секој момент да крахира, направи споредба на Србија и Македонија и рече дека вкупниот број на починати од Ковид-19 е поголем а се работи за многу помала земја.

Тој забележа дека Северна Македонија, која е помала од Србија, има повеќе смртни случаи, како и БиХ, која, како што вели, има 1.000 смртни случаи повеќе, а како што вели спрскиот претседател, е повеќе од двојно помала од Србија.

"Хрватска, која е 1,8 пати помала, има повеќе смртни случаи. Црна Гора има 480, тоа е како ние да имаме 4800, а не 1,500 смртни случаи. Бугарија, Унгарија, Романија исто така имаат повеќе, само "Никој нема да им го каже на луѓето сето тоа. Ова е сериозна болест и нашиот систем се бори против тоа", рече Вучиќ, пренесува РТС.

Во Македонија до вчера имаше 1.699 починати од Ковид-19, а во Србија бројката бешпе 1.484.

Коментари

Популарно